ГОЦМАР е издавачка куќа за компјутерска и информатичка литература, основана од Проф. Д-р. Ѓорѓи Јованчевски. Од нејзиното основање во 1990 година до денес има издадено над 70 наслови, од кои, некои доживеале повеќе изданија. Првите изданија се меѓу најпрвите во земјата од овој тип на литература на македонски јазик, кои придонесоа во компјутерското описменување и едукација на сите возрасти.

Мисијата на компанијата ГОЦМАР е преку своите книги да придонесе во компјутерската едукација на секој индивидуалец во земјата и да го унапреди користењето на компјутерите како во личниот така и во професионалниот развој со цел зголемување на животниот стандард.

Книгите може да се најдат во повеќето книжарници во земјата, а исто така можете да ги нарачате преку оваа страница или на електронската адреса gocmar@gocmar.mk